Финска започнува јавна дебата за можното членство во НАТО

пред 2 години

Финска денеска започнува дебата која може да доведе до апликација на земјата за членство во НАТО во рок од неколку недели, јавува Би-Би-Си.

Извештајот, кој е направен на барање на Владата и објавен денеска, го испитува „фундаментално изменетиот“ безбедносен амбиент, според финското Министерство за надворешни работи, а процедурата ќе помине низ парламентот.

Почетокот на јавната дебата е планиран за една недела подоцна, наведува Би-Би-Си.

До неодамна, повеќето Финци не сакаа да влезат во НАТО, но руската инвазија на Украина предизвика некои преиспитувања, а најновите анкети покажуваат дека повеќето сега го поддржуваат членството.

Русија ги предупреди Финска и Шведска дека се против нивното пристапување во НАТО, тврдејќи дека потегот нема да донесе стабилност во Европа, јави Би-Би-Си.

Scroll to Top