Фон дер Лаен: Договорот со „Астразенека“ е обврзувачки и кристално јасен

пред 3 години

Договорот меѓу Европската Унија и „Астразенека“ за нејзината вакцина против коронавирус содржи обврзувачки одредби, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и побара објаснување од производителот на лекови за доцнења во испораката.

Таа за радио „Дојчландфунк“ рече дека договорот содржи многу јасни количини на испорака за декември и првите три квартали од 2021 година, а исто така спомена и четири производствени погони, од кои два се во Велика Британија, пренесува „Ројтерс“.

„Постојат обврзувачки одредби и договорот е кристално јасен“, рече Фон дер Лаен.

Scroll to Top