Фон дер Лајен: Договор со Велика Британија, но не по секоја цена

пред 4 години

ЕУ ќе продолжи да работи на договорот со Лондон, но не по секоја цена, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Фон дер Лајен беше првиот официјален претставник на ЕУ кој реагираше на пораката на британскиот премиер Борис Џонсон, кој рече дека доколку не дојде до фундаментална промена во пристапот на ЕУ, Велика Британија треба да се подготви да го заврши преодниот рок на 31 декември без договор за идните односи.

Претседателката на Европската комисија забележува дека преговарачкиот тим на ЕУ, како што е планирано, следната недела ќе отпатува во Лондон со цел да ги интензивира преговорите.

Scroll to Top