Фон дер Лајен: Четвртина од Европејците ја примија првата доза

пред 3 години

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека досега во ЕУ се дадени 150 милиони дози вакцина против Ковид-19.

„Вакцинацијата во Европа се забрзува. Една четвртина од Европејците ја примија првата доза“, објави Фон дер Лајен на својот твитер-профил.

Претседателката на ЕК нагласува дека ЕУ има доволно вакцини со цел во јули да има вакцинирано 70 проценти од возрасната популација.

Scroll to Top