Франција подготвува план за ублажување на рестриктивните мерки

пред 3 години

Франција ќе направи нови планови, на кој начин е најдобро да се укинат некои рестриктивни мерки доколку процени дека е потребно, изјави денеска портпаролот на Владата, Габриел Атал.

Тој истакна дека доколку „се појават знаци дека постои тренд на намалување на заразените со коронавирус, тогаш Франција ќе усвои втора фаза на олеснување на мерките“.

Франција денеска ќе утврди одбранбена здравствена стратегија, во пресрет на утрешната владина прес-конференција, на која ќе биде презентиран планот за следната фаза за ублажување на мерките.

Scroll to Top