Француската полиција фатила 110 лица во ресторан, сите добиле казни

пред 3 години

Повеќе од 110 лица биле затекнати ноќеска во илегален ресторан во Париз, организаторот и менаџерот се приведени за кршење на рестриктивните мерки за заштита од коронавирусот соопшти полицијата.

По трет пат, во Франција на сила се строги епидемиолошки мерки за спречување на пандемијата. Баровите и рестораните се затворени со месеци, а властите советуваат да не се собираат повеќе од шест лица на ручек и вечера дома.

Полицијата била „повикана поради прекумерна бучава“ и „го прекинала собирот на повеќе од 110 лица“, објави париската полиција на Твитер.

Гостите се казнети за непочитување на епидемиолошките мерки.

Scroll to Top