Француската Влада предлага вонредната состојба да трае до 16 февруари

пред 4 години

Во Франција уште неколку департмани следните денови ќе влезат во црвен аларм поради пандемијата со Ковид-19,што значи дека и во нив ќе мора да се воведе полициски час, изјави портпаролот на францускатаВлада Габриел Атал.

Тој додаде дека предлогот на Владата е да се продолжи вонредната состојба до 16 февруари следната година. тоа би значело дека Владата го задржува овластувањето да го продолжи полицискиот час,што е во сила во поголем број француски градови, вклучително и Париз.

Од саботота во Париз и другите поголеми градови воведен е полициски час од 21 до 6 часот, што би требало да е во сила четири недели, а би можел да биде продолжен на шест седмици.

Scroll to Top