Хамас ги критикува ОАЕ за увозот на стоки од израелските населби

пред 3 години

Палестинската група Хамас во неделата ги осуди Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за увоз на стоки од израелските населби на окупираниот Западен Брег, пренесува „Анадолија“.

Во изјавата, портпаролот на Хамас, Хазем Касем, рече дека овој потег е еднаков на поттикнување на изградбата на ционистички населби на окупираните палестински територии. Касем рече дека трговскиот договор ОАЕ и Израел ја поттикнува политиката на раселување што ја практикува ционистичкото десно крило .

Израелскиот „Канал 7“ претходно соопшти дека првата комерцијална пратка производи од израелските населби до ОАЕ почна во неделата. Засега нема коментар од властите на ОАЕ за извештајот.

ОАЕ и Израел во септември потпишаа договор спонзориран од САД за нормализирање на нивните односи, потег што го следеа Бахреин и Судан и неодамна Мароко. Договорите за нормализација наидоа на масовна осуда од Палестинците, кои велат дека договорите ги игнорираат нивните права и не им служат на палестинската кауза.

 

Scroll to Top