Холандија воведува ПЦР тест за влез во земјата

пред 3 години

Холандската влада соопшти дека од 29. декември ќе биде неопходен PCR тест за секој што сака да влезе во државата со воз, брод или автобус, откако претходно воведе такво барање за луѓето кои пристигнуваат со авион.

Во соопштението од Министерството за инфраструктура се вели дека мерката за оние кои пристигнуваат со четирите начини на транспорт ќе стапи во сила на 29 декември на полноќ. Таа се однесува на сите пристигнувања од странство, вклучувајќи ги и од земјите во Европската унија.

Тестот мора да се направи до 72 часа пред пристигнувањето во Холандија. Од сите патници се бара да останат во домашен карантин 10 дена по пристигнувањето.

Scroll to Top