Хрватските власти размислуваат за евакуација на Петриња

пред 3 години

По вчерашниот нов силен земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала во Хрватска, полицијата не дозволува пристап до градот Петриња, поради опасност од уривање на зградите што беа оштетени во серијата потреси во изминатите десетина дена.

– Опасноста за секој човек е голема и мораме да ги дислоцираме од строгиот центар на градот, истакна градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, додавајќи дека не исклучува евакуација на населението.

Во разорниот земјотрес од 6,2 степени на 29 декември, животот го загубија седум лица, а речиси половина од зградите во градот се урнати или оштетени.

Scroll to Top