Ципрас го обвини Мицотакис за кршење на мерките против ширење на коронавирусот

пред 3 години

Грчкиот левичарски опозициски лидер Алексис Ципрас го обвини премиерот Киријакос Мицотакис за непочитување на мерките против ширење на коронавирус.

Ципрас ги упати критиките до Мицотакис откако премиерот присуствуваше на голем собир –ручек на отворено.

Мицотакис за времена викендот го посетил грчкиот остров Икарија, каде присуствуваше на ручек на отворено, кој го приреди локален функционер, а снимката од настанот беше објавена на социјалните мрежи и прикажува најмалку 25 луѓе, а во позадина се слуша традиционална музика, со гајди и тапани.

Ципрас денеска поднесе жалба до парламентот, обвинувајќи го премиерот дека покажува „неверојатна ароганција“, додека рестораните ширум Грција и многу фабрики останаа затворени.

Портпаролката на Владата, Аристотелија Пелони изјави дека Мицотакис ќе продолжи да ги посетува оддалечените делови на земјата, за да ја промовира вакцинацијата против коронавирусот, додавајќи дека насочувањето на вниманието на јавноста кон ручекот на отворено, ќе ја поткопа целта на посетата.

Во декември Мицотакис беше снимен со велосипед без маска, со уште петмина велосипедисти, како вози на планинска патека во околината на Атина.

Scroll to Top