571 нов случај на Ковид-19 во Црна Гора

пред 3 години

Во Црна Гора, во изминатите 24 часа, од 1.888 тестирани лица, потврдени се 571 нов случај на Ковид-19, а пет лица починаа, објави денеска Институтот за јавно здравје во Подгорица.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на пандемијата е 836.

Во изминатите 24 часа оздравеле 475 пациенти.

Активни се 7.750 случаи, а од март минатата година регистрирани се 64.739 случаи на коронавирус.

Scroll to Top