Чавушоглу: Сакаме да ги продолжиме преговорите со Грција

пред 3 години

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска и официјално и понуди на Грција продолжување на преговорите за спорот околу истражувањето гас во Средоземното море, како и други проблеми меѓу двете земји.

Чавушоглу изјави дека Атина претходно навести можност за продолжување на преговорите денеска, но дека ништо не се случило и дека Грција нема оправдување дека не може да ги продолжи разговорите.

Турција и Грција досега одржаа 60 рунди разговори до 2016 година, кога разговорите беа прекинати.

Грција и Турција се во расправија околу морските граници и правото на потенцијални извори на нафта и гас во Источен Медитеран.

Тензиите се продлабочија во август, кога Анкара го испрати бродот „Оруч Реис“ во водите што Атина ги смета за свои.

Scroll to Top