Четири турски воени авиони го прекршиле грчкиот воздушен простор

пред 3 години

Четири турски воени авиони претпладнево упаднале во грчкиот воздушен простор и прелетале над Антропофаговите острови, на надморска височина од околу 3.000 метри, јави АНА-МПА.

Според агенцијата, грчките борбени авиони ги пресретнале турски борбени авиони, во согласност со меѓународните правила.

Инцидентот се случил во 10.10 часот, по локално време.

Scroll to Top