Швајцарија не ја одобри вакцината на Астра Зенека

пред 3 години

Швајцарија не ја одобри вакцината против Ковид-19 на Астра Зенека, соопшти националниот регулатор на лекови „Свисмедик“ и побара повеќе податоци за ефикасноста и квалитетот пред да ја одобри вакцината за употреба.

Европската унија минатата недела ја одобри оваа вакцина.

Швајцарија исто така соопшти дека нарачала милиони дополнителни дози вакцини против Ковид-19 од други производители.

Земјата, која веќе нарача 5,3 милиони дози од вакцината на Астра Зенека, соопшти дека ги чека резултатите од испитувањата во Северна и Јужна Америка, во кои се вклучени десетици илјади луѓе.

– Откако ќе ги добиеме резултатите, многу брзо може да се издаде привремено одобрение согласно процедурата за распределба, се вели во соопштението на Свисмедик.

Според регулаторот, моментално достапните податоци не даваат основа за позитивна одлука во однос на придобивките и ризиците.

Scroll to Top