Шефот на републиканците во Сенатот, Мич Мекконел, од август ја одбегнува Белата куќа поради коронавирусот

пред 4 години

Шефот на републиканското мнозинство во американскиот Сенат, Мич Мекконел, и близок сојузник на претседателот Доналд Трамп, изјави дека уште од август ја избегнува Белата куќа поради недоволната внимателност против коронавирусот.

-Не сум била во Белата куќа од 6 август. Имам впечаток дека нивниот начин на справување со коронавирусот е различен од мојот и од тоа што го предложив во Сенатот, а тоа е носење маска и одржување физичка дистанца, рече Мекконел , сенатор од Кентаки, пренесе Бета.

Претседателот Трамп минатиот викенд соопшти дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на коронавирусот, поради што помина три дена во воената болница „Валтер Рид“, пред да се врати во Белата куќа.

Scroll to Top