Шефот на Управата за криминалистичка полиција: На претседателот Вучиќ му се закануваше атентат

пред 3 години

Над 850 специјалци беа распоредени на откривањето на споменикот на Стефан Немања со цел да се обезбеди претседателот, бидејќи разузнавачките податоци укажуваа дека ќе биде направен обид за атентат, изјави шефот на српската Управа за криминалистичка полиција, Богдан Пушиќ.

Во емисијата „Хит твит“ на телевизијата Пинк, Пушиќ потврди дека безбедносните мерки биле зајакнати кога претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го откри споменикот на Стефан Немања, пренесува Танјуг.

Тој рече дека разрешувањето на началникот на полициската управа во Нови Сад, Милорад Шушњиќ, нема никаква директна врска со овој случај.

Scroll to Top