Шпионска афера – Бугарија протера двајца руски дипломати

пред 4 години

Бугарското Министерство за надворешни работи им даде 72 часа на двајца руски дипломати да ја напуштат земјата. Обвинети се дека биле вклучени во шпионажа во таа балканска земја од 2016 година, соопшти денеска Министерството. Портпарол на Министерството за надворешни работи изјави дека ја известил руската амбасада во Софија, пренесе „Ројтерс“. Претходно, обвинителите објавија дека двајцата дипломати барале доверливи информации за плановите за модернизација на армијата и одржување на воената опрема од 2016 година. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top