Ѓилас ќе ги тужи Вучиќ, Мали и „Вечерње новости“ за аферата Маурициус

пред 3 години

Претседателот на опозициската Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, најави дека, поради обвинувањата да има 5,7 милиони евра на сметка во Маурициус, ќе поднесе кривична пријава против главниот уредник на „Вечерње новости“, Милорад Вучелиќ, и истражувачкиот тим на весникот што ги објави овие информации, против Владанка Маловиќ од Српската напредна партија (СНС), која најави објавување на текстот, против министерот за финансии Синиша Мали, како и против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој прв спомна и најави објавување на информации за наводната сметка на Маурициус.

-Покрај фалсификување на сметката со 5,7 милиони евра во банка што не постои веќе две години, тие фалсификуваа и свифт код, што е кривично дело за кое се предвидува затворска казна, изјави Ѓилас на прес конференција.

Тој кажа дека е апсолутно невозможно да имате сметка со оваа сума во Маурициус, бидејќи Дојче банка во Маурициус не работи од 7 декември 2018 година.

Ѓилас покажа снимка на која, на повикан телефонски број од веб-страницата на банката, се слуша известување дека бројот не е важечки.

Тој додаде дека станува збор за компанија која во текот на 2019 година преку неговата сметка остварила обрт од само 21.000 евра.

-И нема можност да ги имам овие 5,7 милиони евра, како што објави Вечерње новости, а подоцна во организирана потера тоа го повторија сите други медиуми под контрола на Александар Вучиќ и СНС, изјави Ѓилас.

Кога станува збор за компанијата во Швајцарија, Ѓилас кажа дека ја основал во 2014 година.

-Јас исто така немам приватна сметка во Швајцарија, туку постои компанија основана од мојата компанија од Белград и таа работи легално седум години, нагласи Ѓилас. об/сд/

2021-03-18 15:02:47, од Оливер Бранковиќ, Србија

Scroll to Top