Ѓукановиќ го потпиша Законот за слобода на вероисповед

пред 3 години

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ го потпиша указот за прогласување на Законот за слобода на вероисповед и други закони, кои минатата недела беа повторно усвоени од црногорскиот парламент.

„Ги потпишав Указите за прогласување закони откако Парламентот повторно ги изгласа на 20 јануари 2021 година. Дилемите што ги имав и поради кои ги вратив во Собранието за нова одлука остануваат”, објави Ѓукановиќ на Твитер.Тој додаде дека како претседател, според Уставот, е должен да го прогласи повторно изгласаниот закон и дека „нема простор за поинакво уставно постапување”.

Scroll to Top