Ѓукановиќ го врати на повторно изјаснување Законот за слобода на вероисповед

пред 3 години

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ ги врати на повторно одлучување сите закони кои собранието ги донесе на 29. декември меѓу кои се и измените на Законот за слобода во вероисповед. Одлуката ја донел врз основа на член на Уставот за обезбеден кворум на седница на Собранието.

„ Кворумот се утврдува со користење на електронскиот систем за гласање со тоа што секој пратеник е должен лично да се идентификува со вметнување на идентификациската картичка во пултот на неговто место или врз основа на евиденцијата на генералниот секретар. Затоа е отворено прашањето дали на почетокот на конкретната седница и при усвојувањето на дневниот ред имало кворум. Со тоа се доведува во прашање демократскиот легитимитет како и усогласеноста на усвоените закони со Уставот на Црна гора“ – стои до документот кој Ѓукановиќ го испратил до претседателот на Собранието.

Scroll to Top