Јанша: Интересно, го слават победникот, а судовите не почнале да одлучуваат

пред 4 години

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша вели дека е интересно што се слави победникот на претседателските избори во САД, а судовите сè уште не донеле одлука за жалбите.

– Интересно. Поднесени се жалби во сите американски држави со тесен резултат. Судовите сè уште не почнале да одлучуваат. Сепак, главните американски медиуми (а не некое официјално тело) го прогласуваат победникот. Честитки пристигнуваат од сите страни. Тоа е владеење на правото, напиша Јанша на Твитер.

Јанша претходно на социјалните мрежи му ја честиташе победата на Доналд Трамп, наведувајќи дека е „сосема јасно“ оти новиот мандат ќе му припадне на републиканскиот кандидат.

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, вечерва му ја честиташе победата на Џо Бајден и изрази оптимизам во врска со идните односи.

Scroll to Top