Јужна Африка ја запре употребата на вакцината на „АстраЗенека“

пред 3 години

Јужноафриканската Република привремено ги прекина плановите на здравствените работници од првите редови во борбата против коронавирусот да им дава од вакцината изработена од Универзитетот во Оксфорд и компанијата „АстраЗенека“.

Земјата одлучи да го направи ова откако клиничките испитувања покажаа дека вакцината на „АстаЗенека“ не е ефикасна во спречување на лесните до умерени инфекции на јужноафриканскиот вид коронавирус.

-Вакцината на „АстраЗенека“ делува ефикасно само против оригиналниот сој, но не и против оваа варијанта, рече министерот за здравство Звели Мехизе.

Американските медиуми потсетуваат дека Јужна Африка минатата недела ги доби првите милион дози од оваа вакцина, а вакцинацијата на здравствените работници се очекуваше да почне кон средината на февруари.

Scroll to Top