Британија наводно сака да ја запре употребата на вакцината АстраЗенека кај младите под 30 години

пред 3 години

Британската здравствена регулаторна агенција го разгледува предлогот за ограничување на имунизацијата на младите луѓе со вакцината „Ваксзеврија“ на компанијата АстраЗенека поради загриженост за создавање тромбови, јави британскиот Канал 4 вести повикувајќи се на неименувани извори во администрацијата.

„Двајца високи извори изјавија дека, и покрај се уште нејасните податоци, постојат се поголеми аргументи дека на помладите, барем на оние под 30 години, треба да им се понудат други вакцини“, јави британската телевизија.

Британската Регулаторна агенција за лекови (МХРА) претходно соопшти дека придобивките од вакцината во спречувањето на коронавирусот се многу поголеми од можниот ризик од појави на крвни засироци.

МХРА се уште не ги коментира наводите на Канал 4.

Scroll to Top