Џонсон: Договорот е нова почетна точка во односите со Европската Унија

пред 3 години

Британскиот премиер Борис Џонсон го поздрави неодамна постигнатиот трговски договор со Европската Унија како нова почетна точка во односите со блокот. Џонсон го рече тоа за време на телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел.

Британскиот премиер на „Твитер“ порача дека се радува на официјалното ратификување на договорот и соработката на заедничките приоритети, како што е борбата против климатските промени.

„Само што разговарав со претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел. Јас ја поздравив важноста на договорот меѓу Велика Британија и ЕУ како нова почетна точка за нашите односи, меѓу суверените и еднаквите страни“, наведе Џонсон на „Твитер“.

Велика Британија и Европската Унија постигнаа трговски договор на 24 декември.

Договорот беше постигнат само една недела пред крајот на транзицискиот период на Брегзит, односно конечното излегување на Велика Британија од ЕУ.

Scroll to Top