14 отсто од заразените со коронавирус во светот се медицински лица

пред 3 години

Здравствените работници сочинуваат три проценти од светската популација, но дури 14 проценти од нив се заразени со коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

На денешниот редовен брифинг во седиштето на СЗО во Женева директорот Тедрос Аганом Гебрејeсус ја истакна и пофали работата на здравствените работници ширум светот.

-Пандемијата сите не потсети на херојската работа на здравствените работници, кои секојдневно се борат против пандемијата. Во светот ги има само три проценти, но сочинуваат 14 отсто од заболените во вкупната популација, рече Тедрос, пренесе Тасс.

Scroll to Top