25.000 припадници на Националната гарда на проверка за можна поврзаност со десничарски групи

пред 3 години

Официјални претставници на американската одбрана изразија загриженост за можни инсајдерски напади или други видови на закани од редовите на безбедносните сили ангажирани во обезбедувањето на инаугурацијата на Џо Бајден, пишува АП.

Пентагон, наводно, го повикал Федералното биро за истраги (ФБИ) да ги провери сите 25.000 припадници на Националната гарда во Вашингтон, по наводите дека учесниците во неодамнешните немири во Капитол имале поддршка од припадници на безбедносните сили кои ја обезбедувале зградата.

Според извештаите, во пресрет на инаугурацијата на новиот претседател, 12 припадници на Националната гарда се отстранети од должност откако биле поврзани со десни екстремистички групи или објавиле екстремистички ставови на интернет, објави АП, повикувајќи се на двајца неименувани функционери кои навеле дека сепак не постоела закана за Бајден.

Не е прецизирано со кои екстремистички групи биле поврзани припадниците на армијата, ниту во која единица на Националната гарда служеле.

Scroll to Top