52 починати од Ковид-19 во Србија: 3.200 новозаразени, 295 се на респиратор

пред 3 години

Во последните 24 часа во Србија, Ковид-19 е потврден кај 3.200 лица, а 52 пациенти починале во последното деноноќие.

Тестирани се 13.201 лица, од кои 24,24 проценти биле позитивни на коронавирусот.

На респиратор има 295 пациенти.

Хоспитализирани се 9.723 лица.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се регистрирани 323.367 позитивни на коронавирус.

Тестирани се вкупно 2.231.386 лица.

Бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 2.983. Стапката на смртност од Ковид-19 е 0,92.

Scroll to Top