Во Србија скоро 2.000 новозаразени и 30 починати од Ковид-19

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во Србија се регистрирани 1.987 новозаразени со коронавирусот, а починале 30 пациенти. Тестирани се 11.657 граѓани, соопштија здравствените власти.

Во моментов во земјата на респиратори се 183 пациенти.

Србија бележи пад на бројот на новозаразени во изминатите денови, а минатиот понеделник беа забележани 2.604 нови случаи на Ковид-19.

Scroll to Top