Tрамп и Бајден го осудуваат терористичкиот напад во Франција: Срцата на Американците се со вас

пред 3 години

Американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди нападите во Виена, нагласувајќи дека нападите на злото мора да престанат, а неговиот противкандидат на претседателските избори, Џо Бајден, повика на единство во спротивставувањето на насилството.

Трамп на „Твитер“ го осуди терористички напад во Виена, додавајќи дека срцата на Американците се  со Франција.

„САД стојат заедно со Австрија, Франција и цела Европа во борбата против терористите, вклучително и радикалните исламистички терористи. Овие напади на злото врз невините мора да престанат”, напишал актуелниот претседател и републикански кандидат пред изборите, пренесува Индекс.хр.

Бајден рече дека по страшните терористички напади во Виена, сите мора да се спротивставиме на омразата и насилството.

Синоќа се случи пукање пред синагогата во центарот на Виена кај Шведенплац, а министерот за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека станува збор за терористички напад и дека има неколку напаѓачи. Агенцијата „Франс прес“ објави дека две лица се мртви, од кои едното е осомничено за нападот. Петнаесет повредени се хоспитализирани.

Scroll to Top