Алиоски: Челси е силен тим, но не им се плашиме

пред 3 години

Езгјан Алиоски и Лидс Јунајтед денеска гостуваат на „Стемфорд бриџ“. Македонскиот репрезентативец го најави дуелот во британските медиуми.

„Челси е силен тим, голем клуб, ги гледавме во Лигата на шампионите. Лидс Јунајтед верува во своите квалитети, не им се плашиме, одиме да се надигруваме. Среќни сме што можеме да ги мериме силите со најсилните тимови во Англија. Покажавме и со Манчестер Сити и со Ливерпул и со Арсенал дека можеме да им парираме и најголемите. Челси има индивидуален квалитет, но нашата сила е во колективот, сите си помагаме на теренот во секој момент“, изјави Езгјан Алиоски.

Мечот меѓу Челси и Лидс Јунајтед се игра вечерва, со почеток во 21 часот на „Стемфорд бриџ“.

Scroll to Top