Алиоски и Лидс поразени на гостувањето кај Челси

пред 3 години

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езгијан Алиоски и Лидс загубија на гостувањето кај Челси со 3-1 во дуелот од 11. коло во англиската Премиер-лига. Со голот на Бамфорд уште во четвртата минута, Лидс дојде до почетна предност, но Челси возврати преку Жиру во 27 минута за 1-1 на полувремето. Во вторите 45 минути, голови за „сините“ постигнаа и Зума и Пулишиќ за конечните 3-1.

За Челси ова е шеста сезонска победа и со 22 бода е на лидерската позиција на табелата најмалку до утре кога Тотенхем го игра дуелот од оваа рунда. За Лидс кој е 13. позиција на табелата со 11 бода ова беше петти пораз.

Scroll to Top