Ангеловски го објави списокот, без Елмас против Косово

пред 4 години

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот за натпреварот против Косово на 8. октомври од полуфиналето во Лига на нации за пласман на Европското првенство и двата натпревари против Естонија (11. октомври, Талин) и Грузија (14. октомври, Скопје) од новото издание на Лига на нации. Елиф Елмас од Наполи нема да биде во составот на македонската репрезентација поради позитивен тест на Ковид-19. Во националниот тим се враќа Ферхан Хасани од фински Хелсинки. Вкупно 23. фудбалери се наоѓаат на списокот на селекторот Ангеловски.

Scroll to Top