Галијани: Рајола се откажа од провизијата за Балотели да потпише со Монца

пред 3 години

Генералниот директор на италијанскиот второлигаш Монца, и поранешен прв човек на Милан, Адријано Галијани откри како случи ангажирањето на Марио Балотели, откако неговиот агент, понекогаш злогласниот Мино Рајола се откажал од провизијата за неговиот трансфер. Супер-Марио беше фудбалер на Бреша минатата сезона, но таа авантура заврши неславно со конфликт со првите луѓе на клубот и тој тренираше со локалниот четвролигаш пред да се договори со Галијани и газдата на клубот, Силвио Берлускони за трансфер. „Уште верувам во Марио, бидејќи тој е добро момче. Сите знаевме дека е достапен. Му кажав: ‘Не им верувај на тие кои ти ласкаат, слушај ме мене’. Матија Финото се повреди, така што нема да имаме напаѓач до крајот на сезоната и со Берлускони првпат зборувавме за Балотели во вторникот. Тој ми даде зелено светло, а исто така се согласи и тренерот Кристијан Броки. Марио и Мино Рајола беа достапни, а Рајола се откажа од провизијата. Знаевме дека имаме договор, кога ни кажаа дека јас треба да ја одредам сумата за договорот“, вели Галијани за „Ла газета дело спорт“. Galliani: “Monza per Balotelli è l’ultimissima chiamata”: (ANSA) – MILANO, 05 DIC – Adriano Galliani ha voluto Mario Balotelli al Monza convinto che possa ancora dare molto al calcio. https://t.co/9z8mnuTJrI pic.twitter.com/i3w2LUiUEF — sportlive (@sportli26181512) December 6, 2020

Scroll to Top