Гасперини: Папу Гомез? Мораме да ја подмладиме Аталанта

пред 3 години


Џанпјеро Гасперини потврди дека не знае што ќе се случи со капитенот на Аталанта, Алехандро „Папу“ Гомез, но додаде дека клубот мора да гледа кон иднината.


„Ла деа“ се врати по три меча без победа во Серија А со 3:0 триумф над Фиорентина, а Гомез остана на клупата и последните вести од Италија зборуваат дека управата на клубот се ставила на страната на Гасперини во конфликтот и дека Папу ќе замине уште во јануари.

„Имавме меч од Лига на шампиони оваа недела, така што беше тешко да имаме свежи играчи против Фиорентина. Одигравме 9 меча во Серија А и во 6 во Лигата на шампионите, и мислам дека Гомез беше единствениот кој ги одигра сите мечеви. Сега, бараме други алтернативи, и секој тим мора да се менува и да еволуира. Пет години сум во клубот, така што мора да се гледа и на некои нови работи“, вели Гасперини.

Дали Гомез ќе замине во јануари?

„Мислам дека клубот ќе донесе одлука за целите на тимот, тренерот и играчите. Не само за резултатите, туку и за односот кон фудбалот. Мораме да гледаме во иднината, за да не одиме наназад. Ако тренерот не е синхронизиран со тимот, тогаш тоа е проблем, но кога менуваме мислења, нема проблем. Не знам како ќе заврши оваа ситуација“, признава Гасперини.

Врие во Аталанта – Иличиќ и Гомез контра тренерот Гасперини

Scroll to Top