ЛШ: Аталанта и покрај „тепачките“ во клубот, повторно во осминафинале

пред 3 години

Аталанта успеа да изддржи и да стигне до 1:0 победа на гостувањето кај Ајакс во Амстердам за втора сезона ендоподруго да се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа што италијанските медиуми тврдеа дека ситуацијата во клубот е пред „експлодирање“. По досадното и внимателното прво полувреме, Ајакс имаше иницијатива во второто, бидејќи им беше потребна победа да ги поминат „Ла деа“, за на крај Луис Муриел во 85. минута да го реши патникот во осминафинале со гол. За Аталанта ова е продолжување на најуспешниот период во историјата на клубот, но доаѓа во моменти во кои тензиите во клубот се највисоко можно ниво, со шпекулации за тензии и физички пресметки меѓу тренерот Џанпјеро Гасперини и капитенот Алехандро „Папу“ Гомез. Иако италијанските медиуми подолго време зборуваат за лошите човечки односи на Гасперини со дел од фудбалерите, ситуацијата експлодираше на мечот со Удинезе минатиот викенд, кога Гомез одби да ја смени позицијата по наредба на тренерот и овој го извади од игра и го постави Јосип Иличиќ. Денеска, пак, неколку часа пред стартот на мечот извештаите велеа дека се случила и физичка пресметка меѓу Гасперини и Гомез, иако Аргентинецот го одигра цел меч против Ајакс. Сите најави велат дека еден од нив, најверојатно тренерот, ќе го напушти клубот многу бргу. Во вториот меч од групата Д, кој не значеше ништо, Ливерпул одигра само 1:1 на гостувањето кај Митјиланд, во меч во кој неочекувано Јирген Клоп не им даде одмор на неговите најважни играчи. ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО ГРУПА Д Ајакс – Аталанта 0:1 Митјиланд – Ливерпул 1:1 Конечна табела : 1.Ливерпул 13, 2.Аталанта 11, 3.Ајакс 7, 4.Митјиланд 2 

Scroll to Top