Експресен пресврт на Манчестер јунајтед против Вест Хем

пред 3 години

Манчестер јунајтед ја забележаа четвртата победа во низа, во Премиер лигата.. Во 11.коло, Јунајтед победија кај Вест Хем со 3:1. Манчестер јунајтед одиграа ужасно во првото полувреме и вистинско е чудо како Вест Хем на паузата заминаа со само еден гол предност. Единствениот гол во првиот период го постигна Чехот Соучек во 38.минута. Јунајтед започнаа да играат во вториот дел кога на теренот влегоа Бруно Фернандеш и Рашфорд. Пол Погба позтигна убав гол 65.минута, а само три минути подоцна Гринвуд го постигна вториот гол за Јунајтед. Победата на „црвените ѓаволи“ ја потврди Рашфорд. Јунајтед со овој триумф се искачија на четвртото место, со бод повеќе од Манчестер сити. Во наредното коло на програмата е дербито на Манчестер. 

Scroll to Top