ЛШ: Германска хаварија на Јунајтед, Роналдо пак го освои „Ноу Камп“, скандал во Париз…

пред 3 години

Последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите донесе многу возбудувања – елиминација на Манчестер јунајтед, одмазничка победа на Јувентус и Кристијано Роналдо над Барселона, како и голем расистички скандал на мечот ПСЖ-Башакшехир. „Ѓаволите“ пристигнаа во Лајпциг со едноставна задача – да останат непоразени и да го потврдат пласманот во осминафиналето, но наместо тоа доживеаја тежок потоп и пораз од 3:2. Уште во втората минута, Анхелињо, позајмен фудбалер на Манчестер сити го Давид де Хеа, за само десет минути подоцна, Амаду Хајдара да зголеми на 2:0. Наместо реакција, Јунајтед примија уште еден гол, кој за нивна среќа беше поништен поради офсајд. Ниту влегувањето на Дони ван де Бек и Пол Погба во второто полувреме не ја смени ситуацијата – нововлезениот Џастин Клајверт во 69-тата минута зголеми на 3:0, пред Бруно Фернандеш од пенал да намали на 3:1 во 80-тата минута со гол од пенал, а надежите за чудо ги зголеми Пол Погба, кога две минути подоцна погоди за 3:2. Вториот меч од групата во Париз, не го доживеа својот крај, бидејќи фудбалерите на Башакшехир го напуштија теренот по расистичкиот испад на четвртиот судија на мечот, и одбиваа да излезат на теренот (повеќе на повеќе линкови на нашиот сајт). На „Ноу Камп“ пак, Јувентус стигна до 3:0 победа над Барса и освојување на првото место во групата Г, благодарение на Кристијано Роналдо, кој не играше во првиот меч во Торино. Роналдо, кој досега немаше дадено гол на Барса во Лигата на шампионите, даде два гола од пенал во 13. и 52. минута, а победата ја потврди Вестон Меккени со фантастичен гол. ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО ГРУПА Е Челси – Краснодар 1:1 Рен – Севилја 1:3 Конечна табела : 1.Челси 14, 2.Севилја 13, 3.Краснодар 5, 4.Рен 1 ГРУПА Г Барселона – Јувентус 0:3 Динамо Киев – Ференцварош 1:0 Конечна табела : 1.Јувентус 15, 2.Барселона 15, 3.Динамо К 4, 4.Ференцварош 1 ГРУПА Х Пари Сен-Жермен – Башакшехир 0:0 прек. РБ Лајпциг – Манчестер јунајтед 3:2 Табела: 1.РБ Лајпциг 12, 2.ПСЖ 9, 3.Манчестер ј. 9, 4.Башакшехир 3 РБ ЛАЈПЦИГ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД БАРСЕЛОНА – ЈУВЕНТУС

Scroll to Top