Елиф Елмас позитивен на коронавирус

пред 4 години

Македонскиот репрезентативец и играч на „Наполи“, Елиф Елмас има коронавирус, соопштија од неговиот клуб. Тој оди во изолација и во четврток нема да игра за Македонија на натпреварот против Косово, а кој е дел од квалификациите на Европското првенство. Елмас е еден од многуте фудбалери во Калчо лигата што се заразени со Ковид-19. Во „Џенова“ на Горан Пандев веќе има 17 заразени играчи, но македонскиот капитен не е меѓу нив. Заради позитивниот тест, Елмас нема да се најде на списокот на селекторот Игор Ангеловски, но во спортските криугови веќе се коментира дека ова може да биде голем проблем за тимот кој се надева дека првпат во исторјата ќе се пласира на едно големо натпреварување. Елмас е втор македонски репрезентативец кој е заразен со корона. Минатиот месец голманот Столе Димитриески беше позитивен на вирусот, па не настапи на натпреварите со Ерменија и Грузија.

Scroll to Top