Конечна разврска во групите Ф и Х, Меси го чека Роналдо на „Ноу Камп“

пред 3 години

Вечерва, во Лигата на шампионите, ќе се одиграат натпреварите од последното коло во групите Е, Ф, Г и Х. Дербито е на „Ноу Камп“, помеѓу Барселона и Јувентус, додека во групите Ф и Х ќе се случи конечната разврска околу екипите кои ќе се пласираат во осмина-финалето. Барселона е лидер во Г-групата, во првиот меч во Торино, Каталонците славеа со 2:0. Фудбалскиот свет со нетрпение го очекува првото соочување на Мес и Роналдо по пауза од две години. Португалецот првиот меч во Торино го пропушти поради коронавирусот. Лацио, Дортмунд и Бриж се борат за првите две места во Ф-групата. Дортмунд се најблиску до првото место, но мора да победат кај Зенит. На Лацио му одговара и реми против Бриж, но сигурно е дека тимот на Симоне Инзаги ќе оди на победа и ќе чека кикс на Дортмунд. Бриж само со победа во Рим ќе избори осмина-финале, во спротивно ќе продолжи во Лига Европа. Три екипи (ПСЖ, Јунајтед и Лајпциг), од Х-групата, во последното коло влегуваат со по девет бода. Најлесна задача има ПСЖ, ќе го пречкаат Башашекир. Реално е „светците“ да бидат први во оваа група, бидејќи се подобри во меѓусебните дуели со Јунајтед и Лајпциг. Јунајтед мора да останат непоразени во Лајпциг доколку сакаат да се пласираа во осмина-финалето. Лајпциг само победа ги носи во нокаут-рундата. Група Е: 21.00 Челси-Краснодар 21.00 Рен-Севилја Табела: Челси 13, Севилја 10, Краснодар 4, Рен 1 Група Ф: 18.55 Лацио-Бриж 18.55 Зенит-Борусија Дортминд Табела: Дортмунд 10, Лацио 9, Бриж 7, Зенит 1 Група Г: 21.00 Барселона-Јувентус 21.00 Динамо Киев-Ференцварош Табела: Барселона 15, Јувентус 12, Динамо 1, Ференцварош 1 Група Х: 21.00 Лајпциг-Манчестер јунајтед 21.00 ПСЖ-Башакшехир Табела: ПСЖ 9, Манчестер јунајтед 9, Лајпциг 9, Башакшехир 3

Scroll to Top