Коронавирусот влезе и во Наполи

пред 4 години

По Џенова и Наполи пријави дека во клубот има заразени со коронавирусот. Според локалните медиуми позитивни тестови имале двајца фудбалери и еден член на клупското раководство.

Наполи минатиот викенд играше против Џенова и забележа убедлива победа од 6:0. Пред мечот Џенова имаше еден позитивен, а заклучно со денешниот ден „грифоните“ имаат пројавено 18 заразени, од кои 14 се фудбалери.

Наполи не ги откри имињата на заразените.

Scroll to Top