Наполи го „збриша“ Кротоне

пред 3 години

Наполи стигна до лесна 0:4 победа на гостувањето кај новиот прволигаш Кротоне, во меч во кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во финишот на второто полувреме, кога победникот веќе беше одлучен.

Лоренцо Инсиње во 31. минута постигна апсолутно прекрасен гол за водство на тимот на Џенаро Гатузо, а мечот целосно се смени на почетокот на второто полувреме, кога по црвениот картон на Петричионе, домаќините останаа со играч помалку. Ирвинг Лозано во 58. минута зголеми на 0:2, Диего Деме во 76. минута постигна гол за 0:3, а Андреа Петања во 91. минута стави точка на натпреварот.

Наполи сега се третото место на табелата со 20 поени, три помалку од лидерот Милан, додека Кротоне се последни со само два поени во 10 меча.

Scroll to Top