Лејкерс се вратија дома, од градските власти чекаат дозвола за прослава на титулата

пред 4 години

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс кои по 17. пат во историјата на НБА станаа шампиони, денес се вратија од Орландо во Лос Анџелес. Прес-канцеларијата на клубот на Твитер објави соопштение во врска со шампионската парада. – Едвај чекаме да ја славиме нашата титула со нашите навивачи. По консултација со градот и округот, сите се согласуваме дека радосна и широко распространета јавна прослава ќе се одржи веднаш штом ќе биде безбедно да се стори тоа. Во меѓувреме, уште еднаш ви благодарам за поддршката! – стои во клупското соопштение. Лејкерс ноќта недела кон понеделник го совладаа Мајами хит со 106:93 за вкупни 4-2 во финалната серија од НБА сезоната 2019/20. Текстот Лејкерс се вратија дома, од градските власти чекаат дозвола за прослава на титулата е превземен од А1он .

Scroll to Top