Лидс се погрижи да нема „совршени“ – Бемфорд со хет-трик ги „реши“ Астон вила

пред 4 години

Астон вила не успеа да го продолжи стоотстотниот старт на новата сезона во Премиер лигата, откако по четири победи во низа (вклучувајќи го и неверојатниот 7:2 триумф над Ливерпул), беа скротени дома од Лидс на Езѓан Алиоски (овојпат како стартер) со 0:3

Херој на тимот на Марсело Биелса беше Патрик Бемфорд, кој постигна неверојатен хет-трик за неполни 20 минути во второто полувреме за да продолжи фантастичната серија на новиот премиерлигаш, кој сега е на третото место на табелата со 10 поени, три помалку од лидерот Евертон.



Scroll to Top