ЛН: Белгијците ги „нокаутираа“ Англичаните, Италија на чекор од првото место

пред 3 години

Белгија за 24 минути ги „суреди“ Англичаните, стигнувајќи до 2:0 победа со која „трите лава“ веќе немаат шанси да се пласираат на фајнал фор турнирот во Лигата на нации. Италија ја заддржа шансата за првото место по 2:0 победата над Полска, додека во Лига Ц, Грција и Словенија поставија директна пресметка за влез во Лига Б. Во Левен, Белгијците дојдоа во водство уште во 10-тата минута со ударот од далечина на Јан Тилеманс, пред во 24. минута, Дрис Мертенс, фудбалерот на Наполи, кој е роден во градот, постигна фантастичен гол од слободен удар за 2:0 водство. Со победата, Белгијците се одвоија на првото место на табелата во групата А со 12 поени, а победата со два пенали на Данска од 2:1 над Исланд, значи дека Белгија и Данска ќе играат за првото место, додека Англичаните ги загубија шансите за пласман на фајнал фор турнирот. На „Мапеи“, Италија стигна до 2:0 победа на Полска за враќање на првото место на табелата во групата 1, за сега да им треба победа на гости кај Босна и Херцеговина за фајнал фор. Жоргињо ги донесе „аѕурите“ во водство во 27. минута од пенал, пред Доменико Берарди во 84. минута да ја потврди победата. УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ ЛИГА А, ГРУПА 1 Италија – Полска 2:0 Табела : 1.Италија 9, 2.Холандија 8, 3.Полска 7, 4.БиХ 2 ЛИГА А, ГРУПА 2 Белгија – Англија 2:0 Данска – Исланд 2:1 Табела: 1.Белгија 12, 2.Данска 10, 3.Англија 7, 4.Исланд 0 ЛИГА Б, ГРУПА 1 Австрија – Северна Ирска 2:1 Романија – Норвешка одложено Табела : 1.Австрија 12, 2.Норвешка 9, 3.Романија 4, 4.С.Ирска 2 ЛИГА Б, ГРУПА 2 Чешка – Израел 1:0 Табела: 1.Шкотска 10, 2.Чешка 9, 3.Израел 5, 4.Словачка 4 ЛИГА Б, ГРУПА 3 Унгарија – Србија 1:1 Табела : 1.Русија 8, 2.Унгарија 8, 3.Турција 6, 4.Србија 3 ЛИГА Ц, ГРУПА 3 Молдавија – Грција 0:2 Словенија – Косово 2:1 Табела : 1.Словенија 13, 2.Грција 11, 3.Косово 2, 4.Молдавија 1 БЕЛГИЈА – АНГЛИЈА ИТАЛИЈА – ПОЛСКА 

Scroll to Top