Луис Суарез нема да игра против Барса, позитивен е на КОВИД-19

пред 3 години

Луис Суарез имал позитивен тест на КОВИД-19 и во сабота нема да може да игра за Атлетико Мадрид против својот поранешен клуб Барселона, потврди Уругвајската фудбалска федерација (АУФ).

33-годишниот напаѓач ќе го пропушти мечот за квалификациите за СП во Катар 2022 против Бразил во вторник, како и дуелот на Атлетико со Барселона. Покрај него, позитивни се и уругвајскиот голман Родриго Муњоз и еден член на тренерскиот тим.

Суарез играше покрај Единсон Кавани од Манчестер јунајтед во последниот меч на Уругвај, постигнувајќи гол од пенал при 3:0 победата над Колумбија.

Scroll to Top