Македонија ЃП го „пресуши“ Вардар (ВИДЕО)

пред 4 години

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР      2:1 (2:1) Стадион во Ѓорче Петров. Судија: Игор Стојчевски. Стрелци: Калид 2’, 45’+2 (МЃП) – Лазаревиќ 12’ (В). Ж. Картони: Петров, Емини, Настевски, Личина, Божиновски (МЃП) – Најденов, Блажевски (В). Играч на натпреварот: Калид Басит Абдул. МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Демир (80’ Стошиќ), Атанаскоски, Китановски, Личина, Божиновски, Калид, Филиповски (56’ Настевски), Петров (80’ Андерсон), Ковачев, Емини. ВАРДАР: Илиќ, Радуловиќ-Величковиќ (62’ Блажевски), Велкоски, Чарлестон, Најденов, Мицевски, Петровиќ (46’ Мартинага), Лазаревиќ (46’ Мирчевски), Цветаноски, Попзлатанов, Колевски (71’ Петковски). Македонија ЃП го совлада тимот на Вардар со 2:1 во натпреварот од 6. коло во Првата лига. Калид постигна два гола, по грешките на Вардарци, додека Лазаревиќ погоди за „црвено-црните“. Вардарци имаа шанси во вториот дел да стигнат барем до бод, но шансите пропаднаа. Многу уфрлања, многу шпицови, ама безуспешно. РАНА ПРЕДНОСТ ЗА ЃОРЧЕПЕТРОВЦИ, ЛАЗАРЕВИЌ ВРАЌА Македонија Ѓорче Петров уште во првите секунди стрела во мрежата на Илиќ. Доби топката од средниот ред, избегна офсајд и излезе сам, погоди во голот, лесно и за предност на домашните. Лазаревиќ во 12. минута откако по десната страна не размислуваше многу, и со удар по земја го совлада Стевковски. КАЛИД СО ВТОР ГОЛ И НОВА ПРЕДНОСТ Вардар имаше блага доминација, а Македонија ЃП ја чекаше својата шанса, и ја дочека во продолжението од полувремето кога Калид доби топка, и погоди во голот на Вардар. Грешка во одбраната на Вардар, неискуството си го стори своето, а Калид сето тоа го искористи, и му донесе предност на Македонија ЃП на полувремето. ВАРДАРЦИ СЕ ЗАКАНУВАА, НО НЕ УСПЕАЈА Преку Мицевски и Попзлатанов, Вардарци се заканиј и се обидоа да израмнат, но не успеаја. Се отвори Вардар целосно, Васоски ги стави во игра и Мирчевски, Блажевски, Петковски и Мартинага но немаше нешто посериозно потоа, а Македонија ЃП од противнапад ја чекаа шансата да стават „печат“, но и тие не дојдоа до такво нешто. sportmedia.mk

Извор: vecer.mk

Scroll to Top