Мекгрегор до Хабиб: Почит и сочувство за твојот татко

пред 4 години

Иако неколку години Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор се на „воена нога“ по нивниот неверојатен меч на УФЦ 233 во 2018 година, постојано праќајќи сурови и непристојни пораки преку социјалните мрежи, овојпат Ирецот се крена над несогласувањата и му прати порака на ривалот по неговата победа над Џастин Гетџи и одлуката да се пензионира. „Добар меч. Јас ќе продолжам. Почит и сочувство за твојот татко. За тебе и твоето семејство. Твои искрено, Мекгрегор“, напиша Конор на Твитер. Мекгрегор би требало да се врати во октагонот наскоро и покрај тоа што неодамна по трет пат објави дека се пензионира. Негов ривал во јануари треба да е Дастин Поаире, во меч кој може да биде и важен за сега слободната титула во лесна категорија. Good performance @TeamKhabib . I will carry on. Respect and condolences on your father again also. To you and family. Yours sincerely, The McGregors. — Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) October 24, 2020

Scroll to Top