Наумче Мојсоски нов директор на Агенција за млади и спорт

пред 4 години

Некогашниот ракометен македонски репрезентативец Наумче Мојсоски, ќе биде нов директор на Агенцијата за млади и спорт. Мојсоски седнува на оваа функција на местото на Дарко Каевски, кој стана пратеник во Собранието, и не може да извршува истовремено две функции. Мојсоски со активната играчка кариера заврши во 2016 година како член на ЧМС Букурешт. Во минатото играше за Лехвија, Металург, Вардар, Риоха, Пелистер, Југ и Струга. За националниот тим на Македонија има преку 100 натпревари. sportmedia.mk

Извор: vecer.mk

Scroll to Top