Потоп на ВБА против Кристал палас

пред 3 години

Надежите на Славен Билиќ дека неговите Вест Бромвич Албион ќе успеат да излезат од зоната за испаѓање беа брутално уништени, откако дома загубија со 1:5 од Кристал палас. Дарнел Фурлонг си постигна автогол уште во осмата минута од мечот за водство на Палас, но домаќините се вратија во 30-тата минута со голот на Конор Галахер. Само четири минути подоцна, Переира доби црвен картон оставајќи ги Вест Бром со играч помалку. По ова следуваше катастрофата во второто полувреме. Вилфрид Заха постигна два гола (55. и 68. минута), исто како и Кристијан Бентеке (59. и 82. минута) за убедлива победа на тимот на Рој Хоџсон. Палас ја прекина низата од два порази во Премиер лигата и се искачи на 11. место со 16 поени, додека ВБА остана на 18. место со само 6 поени, колку што има и претпоследниот Барнли, додека Шефилд јунајтед се убедливо последни со еден освоен поен.

Scroll to Top